Прајс: САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул

Од:

Стејт департментот денеска соопшти дека САД ќе продолжат со дипломатското присуство во Кабул и истовремено ќе ја забрзаат евакуацијата на илјадници Авганистанци кои имаат право на специјална имиграциска виза.

САД моментно разговараат со Талибанците во Кабул и Доха, каде се водат мировни преговори, јавија американските медиуми.

На преостанатите Американци во Кабул официјален Вашингтон им порача да се засолнат на местата каде што се наоѓаат во моментот и да не патуваат до аеродромот.

– Имаме намера да продолжиме со дипломатското присуство во Кабул, додека тоа е безбедно за нас, и е одговорно од наша страна, изјави Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот.

Според него, од неделата навечер целиот персонал од амбасадата на САД бил пренесен до меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“, чиј периметар е обезбеден од американските војници.

Тој додаде дека Пентагон „работи деноноќно на обнова на позитивна контрола над аеродромот за американските воени авиони и патнички авиони да можат да слетуваат и полетуваат“.

Околу седум илјади американски војници добија дозвола за нераспоредување во Авганистан за пружање помош и евакуација на цивилниот персонал на САД и сојузниците, како и на Авганистанците кои се во опасност. Половина од таа бројка војници пристигна вчера.

Според Стејт департментот, во изминатите недели во САД биле донесени две илјади кандидати и членови на нивните семејства за специјална имиграциска виза.

Бајден синоќа издвои 500 милиони долари итна помош за бегалците од Авганистан.

Администрацијата беше подложна на остри критики откако Талибанците за само неколку денови ги зазедоа клучните градови во земјата. Претставници од двете партии, демократската и републиканската, го осудија пристапот на САД за кратење на военото присуство во земјата.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија