Нова исламмистичка група се закани со насилства во Египет

Од:

Нова исламмистичка група во Египет објави денеска свое основање оценувајќи дека армијата со симнувањето од власт на претседателот Мохамед Морси, објавила војна на исламот. Тие се заканија истовремено со насилства со цел примена на исламски закони.

Во соопштение на интернет, групата Ансар ал-Шарија објави дека ќе почне да собира оружје и да носи на обука свои членови.

Симнувањето од власт на Морси од страна на армијата, затворање тв-станици и смрт на демонстранти-исламисти, заедно претставува „војна објавена против исламот во Египет“, соопшти Ансар ал-Шарија.

Таа група ги обвини секуларистите, приврзаници на поранешниот претседател Хосни Мубарак, египетските христијански копти, силите за државна безбедност и воени команданти. Упатија осуда и за демократијата наведувајќи дека ќе се борат за примена на шеријатски закони.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина