(ВИДЕО) Петковски: Дали за Мицкоски се убијци докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа од Ковид-19?

Од:

„Зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“, стои ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски“, рече Петар Петковски, претседател на ЛК СДММ Гази Баба.

„Мицкоски да каже дали за него се убијци докторите и медицинскиот перонал што го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19?

Дали за него се убијци, лекарите, доторите, медицинските сестри кои повеќе од една година се на првата борбена линија против коронавирусот?

Наместо да повикува на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје.

Мицкоски не само што не е загрижен за колективното здравје туку со неговата партија прави се за да го загрози здравствениот систем.

Токму поради таквиот нечесен, несериозен однос опасен по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори“, изјави Петар Петковски, претседател на ЛК СДММ Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците