Во Охрид вечерва ќе биде отворено 52-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри

Од:

Со настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ вечерва во Охрид ќе биде отворено годинашното 52-ро по ред издание Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Во периодот до 11 јули Охрид ќе биде домаќин на познати културно-уметнички друштва и ансамбли од Балканот и пошироко, на оваа најстара фолклорна манифестација што ги афирмира културните достоинства на народите на Балканот.

Според најавите, „Танец“ вечерва ќе настапи со програма што досега не е презентирана пред македонската публика, односно со целосно нови поставки, како и обновени кореографии на богатото македонско фолкорно наследство.

Летната сцена на „Долни Сарај“ во наредните пет фестивалски дена ќе биде местото каде своите вештини во играта и песната на своите народи ќе ги презентираат ансамблите „Осиек 1862“ од истоимениот град во Хрватска, „Абант Изет Бејсал“ од Бејсал – Турција, „Светозар Марковиќ“ од Крагуевац – Србија, „Отекс“ од Охрид, „Златица“ од Бугарија, „Марблени“ од шпанскиот град Гирона, „Бисери“ од Охрид, „Пролетер“ од Сараево – БиХ, „Трисчеле“ од Агриџенто на Сицилија, „Зора“ од унгарскиот град Мохач, „Курпинка“ од Кадизло во Полска и ансамблот „Никола Јонков Вапцаров“ од Скопје.

Во текот на петдецениската традиција на Балканскиот фестивал на отворените сцени во Охрид имаат настапено повеќе од 50 илјади пејачи, играорци и инструменталисти од Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Австрија, Италија, Турција, Кипар, како и од Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Русија, Молдавија, Полска, Чешка, Словачка, Белгија, Шведска, Данска, Финска, Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Мексико, Малезија, Коста Рика, Нигерија и други.

Манифестацијата ќе ја отвори нејзиниот покровител, претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски. Влезот за настапите на сите културно-уметнички друштва е бесплатен.

Поради нестабилното време и неповолните временски прилики наместо на Долни Сарај свеченото отворање на Фестивалот ќе се одржи на алтернативната сцена, во Големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Би можело да ве интересира

За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Уапсени лихвари од Охрид, од жртвите изнудиле над девет милиони денари

МВР: Кривична за директорот на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“

(ВИДЕО) Скроз гол на џогинг во Охрид

А1он

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид