Финале за Ѓорческа, полуфинале за Грабул

Од:

Македонските тенисери Лина Ѓорческа и Димитар Грабул денеска ќе имаат настапи на завршница на два фјучрс турнири.

Во финалето во игра на двојки во Прокупље (Србија) Ѓорческа заедно со Далија Зафирова од Бугарија ќе играат против Викторија Рајчиќ од Австралија и Викторија Топалова од Бугарија, кои во полуфиналето ги победија првите носителки Турчинките Есен со 2:0 во сетови. Ѓорческа и Зафирова се рангирани како втори носителки.

Грабул во Де Хан (Белгија) во полуфиналето денеска ќе игра против првиот носител Хуан Карлос Саез од Чиле.

На патот до полуфиналето Грабул елиминира двајца носители, во 2.коло Хуго Нис од Франција (4.носител) и Кимер Копејанс од Белгија (5. носител).

Грабул на турнирот настапи и во квалификациите.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ