Најмалку 12 загинати во Александрија

Од:

Најмалку 12 луѓе загинаа синоќа во судири меѓу приврзаници и противници на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси во Александрија со што бројот на жртви за еден ден се искачи на 30.

Претставник на здравствените власти рече дека само во Александрија загина 12 луѓе откако стотици исламисти се судрија со противници на Морси врз кои пукале со огнено оружје.

Според Амр Салама, од итната медицинска помош, полицијата ги поддржала противниците на Морси.

Египетската телевизија јави дека во Каиро загинале најмалку две лица и над 70 се повредени во судирите меѓу приврзаници и противници на Морси.

Насилствата почнаа откако врховниот лидер на Муслиманско братство рече дека ќе останат на улица се додека Морси не биде вратен на функцијата откако армијата го смени во изминатата недела. Египетската војска постави оклопни возила на главниот мост на реката Нил во Каиро и тоа беше нејзин прв голем потег со цел спречување на судирите меѓу двете страни.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина