Три лица од Гостиварско заминале преку граница иако имале решенија за карантин

Од:

Tри лица од Гостиварско ќе се соочат со пријави бидејќи ја напуштиле земјава, а имале решенија за изолација.

Од СВР Тетово информираат дека во вчерашните контроли со кои се опфатени лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат имало прекршувања.

– Констатирано е дека Ш.Д.(48) од гостиварски Сенокос, Х.А.(25) од Дебреше, Л.Ј.(33) од Дебреше не се придржувале на решенијата, односно ја напуштиле државата, посочуваат од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидата поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.

Изминативе две недели со вакви пријави се соочија уште десетина други лица, кои живеат во околината на Гостивар.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари