Пожарот кај Сарај не го изгаснаа ниту 17 тони вода, не стивнува огнот кај Горно Мелничани

Од:

Четири пожари се активни утрово во земјава информира Центарот за управување со кризи.

Пожарот кај селото Раовиќ и натаму е активен и покрај вчерашните обиди да биде изгаснат од воздух. Гори мешана шума во тешко пристапен регион и тешко се изведува догасувањето на постоечките жаришта. 17 тона вода се се фрлани за гаснење на овој пожар соопштуваат од ЦУК, но пожарот и натаму гори.

Повторно е активен и пожарот во регионот меѓу селата Барови и Вешија. Утрово за гаснење се испратини пожарикари од Неготино, а учествува и месното население.

Во гасењето на пожарот во атарот на селото Горно Мелничани во општина Центар Жупа, од утрово вклучени се два хелкоптера, кои со вода се снабдуваат од Дебарско Езеро.Тоа е по барање на градоначалникот Аријан Ибраим, поради ширењето на пожарот кој до сега има опожарено над 15 хектари високостеблеста букова шума.

Пожарот, кој вчера беше ставен под контрола повторно се распламти на што влијаеше и ветерот, осебно во ноќните часови.

-Во неговото гасење се вклучени и над 100 лица, од противпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како вработени од општината, изјави Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица.

Повторно е акативен и пожарот во прилепско. Разгорен е кракот од селото Ракле кон Крстец. Теренот е тешко пристапен велат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава