Кривчина пријава за дебранец кој подметал пожар, приведени осум лица за пожарот кај Горно Мелничани

Од:

Полицијата во изминатото деноноќие поднесе една кривична пријава од СВР Охрид-ОВР Дебар до Основното јавно обвинителство Дебар, во врска со пожар настанат на 8 август во село Бомово, дебарско, против Б.М.(60) од Дебар, за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, по член 227 од Кривичниот законик.

Во врска со пожарот кој вчера настана во село Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Република Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар тие се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од село Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Министерството за внатрешни работи информира де во текот на изминатото деноноќие од 7 часот вчера до 7 часот денес во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територија на државата ангажирани биле 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата. Реализирани се 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје