Тадиќ: Србија во една форма го призна независно Косово

Од:

Поранешниот српски претседател Борис Тадиќ  изјави дека Србија на еден начин ја прифатила реалноста на независно Косово и оти во текот на разговорите немала намера ја попречи независноста, туку сакала да ги определи законските рамки на таа независност, го пренесуваат денеска албанските медиуми интервјутото за хрватски „Глобус“.

Според него Србија нема ни една инситуција или инструмент со кој би менаџирала  каков било процес на Косово.

Лидерот на Демократската партија на Србија и до пред два месеца шеф на срската држава, Борис Тадиќ во истото интервју нагласи дека да бил на местото на Томислав Николиќ ќе одел во Вуковар и во Сребреница  и ќе ја избришел од речникот идеата за „Голема Србија“.

„Јас очекувам Николиќ да ги земе превид интересите на српскиот народ, што ќе рече дека идеата за Голема Србија треба да исчезне од неговиот ум и речник“, рече Тадиќ.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор