Најмалку 17 луѓе се убиени, а над 200 се ранети во судирите меѓу безбедносните сили, приврзаниците и противниците на соборениот претседател Мохамед Морси.
Официјален претставник на египетското Министерство за здравство, наведе дека четири лица се убиени во судирите во близина на зградата на Републичката гарда во Каиро, кога војската отворила оган кон приврзаниците на Морси.
Уште една жртва има во Каиро, во близина на плоштадот Тахир.
Четворица загинале во судирите во градот Ел Аришу, на северот на земјата кога исламистите нападнаа една од зградите на владата. Уште една жртва е регистрирана во градот Асиуту во централниот дел на земјата.
Судирите започнаа кога неколку стотини приврзаници на соборениот египетски претседател Мохамед Морси тргнаа вечерва кон националната телевизија на бреговите на реката Нил во центарот на Каиро.