Според првичните информации застрелани се пет лица во британскиот град Плимут. Се уште не се знае дали се убиени или само повредени.
More footage from Plymouth as police arrive on the scene to what appears to be a dead body lying on the pavement.
Tommy Robinson News. pic.twitter.com/mQCLQHtsUU
— WOODSY IV (@IvWoodsy) August 12, 2021
Полицијата потврдува дека дошло до сериозен инцидент со огнено оружје, пренесува Би-би-си.
„На лице место се убиени повеќе луѓе, а уште неколку жртви на нападот се хоспитализирани. Подрачјето е изолирано, а полицијата верува дека ситуацијата е под контрола“, велат од полицијата.
Според „Скај њуз“ убиен е и напаѓачот.
На Твитер за инцидентот се огласи и парламентарниот претставник на лабуристите од тој град, Лук Полард.
„Многу загрижувачки вести вечерва стигнаа од Плимут. Останете во своите домови и слушајте ги советите на полицијата“, напиша тој.