Пожар на депонијата „Краста“ во Куманово

Од:

Гори депонијата „Краста“ во Куманово, информираа денеска надлежните од територијалната противпожарна единица Куманово.

– Екипите се на терен, се гаси пламенот, а на терен се и екипи од „Чистота и Зеленило“ кои помагаат, изјави командирот Дејан Илиевски.

Пожарникарите вчера интервенирале на неколку пожари во урбана средина, на пожар во кој била зафатена кровна конструкција во населбата „Гоце Делчев“, опожарен бил и стан во истата населба.

Двата пожари се изгаснати. Вчера горела и сува трева и бали во селата Долно Јачинце и „Амбар Маало“. Во Пчиња било опожарено ѓубре, а пожар мало и кај „Стари Лозја“.

Сите пожари и во урбаната и руралните средини се изгаснати.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје