Министерот за одбрана на Египет генерал Абдел Фатах ал Сиси изјави денеска дека ситуацијата во државата е „стабилна“ и покрај демонстрациите на исламистите против симнувањето од власт на претседателот Мохамед Морси од страна на армијата.
Според државни саудиски медиуми, кралот Абдула беше еден од првите регионални лидери кои го поздравија претседателот на Уставниот суд на Египет, Адли Мансур по избирањето за привремен претседател.
Армијата во средата го собори од власт Мохамед Морси. Во телефонски разговор, Ал Сиси го информирал монархот за последните случувања и го уверил во стабилноста на ситуацијата.