„Спутник В“ има 83 проценти ефикасност против делта-сојот

Од:

Вакцината против Ковид-19, „Спутник В“, е околу 83 отсто ефикасна против делта-сојот, соопшти денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

Производителите на вакцината во јуни соопштија дека „Спутник В“ е околу 90 ефикасен против делта.

Мурашко додаде дека ефикасноста на „Спутник В“ против тешка форма на ковид која може да доведе до хоспитализација надминува 95 отсто.

Директорот на Институтот Гамалеја, Александар Гинтсбург, кој ја разви вакцината, денеска порача оти Спутник В е безбедна и ефикасна вакцина против сите соеви на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СЗО го пролонгира процесот на евалуација на руската вакцина Спутник В

Ана Ололовска

Можно производството на вакцината Спутник лајт во Србија

Ана Ололовска

Австралија одобри влез со вакцината Спутник V

Ана Ололовска

Кремљ е уверен дека СЗО во следните месеци ќе ја признае вакцината Спутник

Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник В

Ана Ололовска

Сијарто: Руската вакцина е најдобра, тоа го признаваат и западните експерти, но за тоа молчат

Ана Ололовска