Уште гори во прилепско од Топлица до селото Крстец, пожарот во Катланово со намален интензитет

Од:

Активен е пожарот во делот од Топлица кон селото Крстец, и тоа во тешко пристапен терен. Намален е интензитетот на горење кај пожарот во Катланово, а целосно е локализиран оној кај м.в. Бејаз Тепе. На терен е и екипата од Словенија и Австрија, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од ЦУК посочија дека пожарот кој почна на 2 август кај м.в.Бeјаз Тепе е локализиран.

На терен се 100 припадници на Армијата, екипа од Бугарија со пет ПП возила и 37 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со две теренски возила со цистерни и четири возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со четири теренски возила со цистерни и шест теренски возила за превоз и 45 вработени, ТППЕ Берово со три ПП возила и седум пожарникари, ДЗС со теренско возило со цистерна и пет вработени, РЦУК Берово со двајца вработени и 40 луѓе од месното население.

На терен е и екипата од Словенија, како и екипата од Австрија.

Пожарот во атарот на селото Будинарци е ставен под контрола и е локализиран. Екипите работат на негово расчистување.

Од Ловиштето Јасен известуваат дека пожарот од Раовиќ се префрлил на територијата на Ловиштето Јасен. На дежурство во селото Раовиќ биле испретени две ПП возила со пет пожарникари.

Истата екипа кракот од пожарот кој се спуштал кон селото во 2 часот го угаснала. Другите краци на пожарот се уште горат.

Фронтот на пожарот кај Катланово е насочен кон селото Средно Коњаре . Интензитетот на горење моментално е намален, но состојбата може наеднаш да се промени.

Пожарот во атарот на селата Топлица, Ракле и Никодин е се уште активен во делот од Топлица кон село Крстец во тешко пристапен терен.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје