Австриските и бугарските пожарникари се журкаа во Пехчево по изгаснатите пожари

Од:

Групата пожарникари од Австрија која беше клучна во гаснењето на пожарите во пехчевско-делчевскиот регион си дозволи опуштање по завршената работа. На социјалните мрежи се појавија слики од групата австриска пожарникари која во опуштена атмосфера е излезена со дел од локалното население.

Жителите на регионот им се особено благодарни на пожарникарите од Австрија за кои се знае дека се доброволци кои зеле одмор од нивните работни места за да дојдат да помагаат во Македонија.

Во журката учествуваат и бугарските пожарникари кои исто така имаа голем придонес во гаснењето на пожарите во овој регион. Од Бугарија во периодот на пожари во земјава се сменија две групи пожарникари.

Би можело да ве интересира

Гром предизвика пожар кај село Макреш, изгореа околу 15 хектари

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 17 пожари на отворено, еден е под контрола

ВИДЕО: Локализиран пожарот кај штипскиот Исар, гори во Пробиштипско и во Чешиново

Пожар во близина на македонско – грчката граница во Дојран

Пет активни пожари на отворен простор низ државата, најмногу зафатена сува вегетација и ѓубре

Повторно пожар во Визбегово