Индија денеска испрати воен авион во северен Авганистан за да ги евакуира своите граѓани поради се поинтензивните борби во државата меѓу авганистанските безбедносни сили и Талибанците.
Индиските власти го затворија и конзулатот во Мазар-и-Шариф- најголемиот град на севеор во таа држава и повикаа дипллматите и индиски граѓани да се евакуираат со лет што ќе биде до Њу Делхи.
Талибанските борци зазедоа шест главни провинциски главни градови во последните денови на северот, западниот и јужниот дел на Авганистан.
Индија, која инвестираше милиони долари во развојни проекти низ Авганистан, сега ги затвори сите свои конзулати, оставајќи ја во функција само амбасадата во Кабул, изјави владин претставник.