Во Саудиска Арабија уапсени над 200 државни службеници поради корупција

Од:

Саудиска Арабија соопшти дека се уапсени 207 вработени во десетина државни министерства, како дел од најновата истрага на саудискиот регулатор за борба против корупцијата.

Уапсените не се именувани и не се знае кога се уапсени.

Саудиската национална антикорупциска комисија, позната како „Назаха“, доцна синоќа информираше за апсењата.

Борбата против корупцијата почна на крајот на 2017 година и тоа му помогна на престолонаследникот, принцот Мохамед бин Салман, да ја консолидира власта и на кралството да му припадни имот во вредност од 106 милијарди долари.

Граѓаните на Саудиска Арабија долго време се жалат на распространетата владина корупција и недомаќинско трошење или злоупотреба на јавните средства од страна на власта.

Комисијата наведе дека повеќе од 460 лица биле испитани во последниот круг, и дека како резултат на тоа, 207 саудиски државјани и жители биле приведени под обвинение за корупција, злоупотреба на власта и измама.

Обвинетите, кои се вработени во Националната гарда и голем број министерства, ќе бидат проследени до обвинителството, објави комисијата.

Би можело да ве интересира

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД