Полјаците вечерва излегуваат на улиците заради ограничувањата во медиумската сфера

Од:

За денеска во Полска се планираат демонстрации против законот што компаниите што не се од Европа ќе ги скрати од можноста да имаат контролен удел во полските медиумски куќи.

Владеачката полска Партија на правото и правдата веќе долго време се обидува да го национализира медиумскиот сектор, повикувајќи се на националната безбедност, тврдејќи дека законот ќе и овозможи на Полска да се усогласи со другите европски земји, вклучително и Франција и Германија, кои ја ограничуваат странската сопственост во медиумскиот сектор.

Пратениците неодамна тврдеа дека е неопходно да се заштитат полските медиуми од паѓање во рацете на руски, кинески или арапски капитал.

-Мораме Полска да ја заштитиме од влез на различни ентитети од земји кои ни се непријателски, изјави Марек Суски, шеф на парламентарната група на партијата „Право и правда“, во обраќањето пред пратениците.

Американските медиуми наведуваат дека овој закон во пракса би извршил притисок врз американската компанија „Дискавери“ да го продаде контролниот пакет акции во радиодифузерот ТВН, што управува со многу канали – од кои најзначаен е ТВН24.

ТВН, исто така, на својот главен канал ја има водечката вечерна информативна програма за вести, што ја гледаат милиони луѓе.

Демонстрациите за поддршка на телевизијата ТВН се планирани вечерва во 78 градови и села, еден ден пред парламентот да ја почне расправата за законот.

Протестите се организирани од „Комитетот за одбрана на демократијата“, под слоганот „Слободни медиуми, слободни луѓе, слободна Полска“, и тие се поддржани од неколку групи за слобода на печатот и заштита на човековите права.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази