Неколку пожари и натаму се активни во земјава, населените места се безбедни

Од:

Во земјава до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани.

Нов тим од девет пожарникари од Смолјан, Бугарија со три противпожарни возила дојде во Пехчево да ги замени првите четири тима бугарски пожарникари со противпожарна опрема од овој град под Родопите, кои од 4 август ги гасеа пожарите во реонот на Делчево и Пехчево.

Досега полицијата уапси 14 лица осомничени за предизвикување шумски пожари на повеќе локации во земјава, а во активностите за гасење и превенирање на пожарите во изминатото деноноќие биле ангажирани 644 полицајци. Биле реализирани и 222 мото патроли, при што се користени 205 возила.

Авионот на Романското воено воздухопловство вчера во два налети дејствуваше на пожарот во Општина Прилеп кај селата Топлица, Ракле и Никодин кој е делумно локализиран, но на одредени места се уште има чадење. Пожарот,пак, во делчевскиот регион во село Разловци и село Нов Истевник е ставен под контрола, но има мало чадење во местото викано Грбовец. Пожарот во Пехчево во село Будинарци се уште е активен, иако во текот на вчерашниот ден изгледаше дека е локализиран, но се појавија нови жаришта.

Активен пожар има и во Општина Сарај близу селата Раовиќ и Буковиќ, како и во Општина Петровец кај селото Дивје на месноста викана Крушје, кој беше ставен под контрола, но повторно се прошири. Повторно е активен и пожарот во Општина Чашка, кај село Владиовци, кој вчера беше локализиран во утринските часови, меѓутоа во 13:30 часот повторно се активираше.

Вчера попладне избувна пожар и во селото Герман во Општина Ранковце, но делумно е ставен под контрола. Под контрола е и пожарот во штипските села Драгоево и Селце, иако на одредени места има појава на чадење. Вчера попладне се појавија пожари и во велешките села Којница, Крајница и Извор каде гори нискостеблеста мешана шума, како и во кочанско Костин Дол, но тие се држат под контрола и нема опасност да се прошират.

Пожарот над брдото Ласкарци на десетина километри од Скопје како што информираат од ЦУК ќе се гаси денеска со два авиона. Пожарот според ЦУК се синоќа се движеше нагоре кон клисурата на Матка и кон Јасен и е беше далеку од селото.

Би можело да ве интересира

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава

Вкупно 39 пожари на отворено вчера, пет сѐ уште активни

Локализиран пожарот во близина на железничката пруга во Кисела Вода

ВИДЕО: Гори во Визбегово

Катерина Ѓуровски

Пожари кај Железничка, во Визбегово и во Сопиште

Катерина Ѓуровски

Состојбата со пожарите на отворено повторно се влошува, гори на пет локации