Воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија ослободени од плаќање за услуги на воздухопловна навигација

Од:

Владата на Република Северна Македонија денеска преку видеоконференциска интернет врска ја одржа 98-та седница на која беше донесена одлука за ослободување од плаќање на надоместок за услуги за прелети и за терминални услуги во воздушниот простор на Република Северна Македонија на летовите на воените и полициските воздухоплови на Србија, Црна Гора и Романија.

Ослободувањето од плаќање на надоместокот на услугите за прелети и за терминални услуги на воени и полициски воздухоплови на наведените земји е за пружање помош во гасењето на пожарите на отворен простор.

Одлуката на барање на Дирекцијата за заштита и спасување е со цел олеснување на процедурите за пристигање на странска помош со воздухоплови и скратување на времето за распоредување и дејствување во кризните подрачја.

Членовите на Владата попладнево гo разгледаа и усвоија и Извештајот за извршени преговори за потпишување на Договорот за воена финансиска соработка меѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија за спроведување на финансиската поддршка во износ од 100.000.000 турски лири пресметани во американски долари (11,5 милиони долари).

Финансиските средства се наменети за набавка на неопходни производи и услуги за воени цели (алоцираните ресурси ќе се искористат за набавка на опрема за Силите за специјални операции, набавка на возила и опрема за логистичките единици) од локални компании во Турција, пред сè компаниите од турската одбранбена индустрија за воени цели.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава