Сребрените грчки ватерполисти, половина од премијата за медалот од Токио ќе ја донираат за погодените од пожарите

Од:

Половина од наградата што ватерполо репрезентацијата на Грција ќе ја добие од грчкиот бизнисмен и претседател на ФК Олимпијакос Вангелис Маринакис за освоеното второ место на Олимпијадата во Токио, ватерполистите ќе ја дадат за погодените од пожарите во Грција.

По освоеното сребро на Олимписките игри, од Олимпијакос соопштија дека претседателот на клубот ќе ја награди со 200.000 евра ватерполо репрезентацијата на Грција за „огромниот успех, гордоста и радоста и што им ја донесоа на народот во овие мрачни денови“.

Капитенот на ватерполо репрезентацијата Јанис Фундулис, како што на социјалните мрежи објавија од грчкиот Олимписки комитет, рече дека „со чувство на одговорност и земајќи ги предвид тешките моменти низ кои поминува земјата“, сметаат дека е нивна должност, како репрезентација, на свој начин да помогнат, донирајќи половина од износот за погодените од пожарот.

Грција вчера со 10-13 беше совладана од Србија во финалето на Олимписките игри во Токио и го освои сребрениот медал.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески