Египетска војска: На Синај не е воведена вонредна состојба

Од:

Египетската војска на полуостровот Синај е во „состојба на зголемена готовност“, изјави денеска портпаролот на војската, негирајќи го пишувањето на весникот „Ал Ахрам“ според кој е воведена вонредна состојба во Јужен Синај и Суец.

На Интернет страницата на „Ал Ахрам“ пишуваше дека „состојбата на зголемена готовност“ е подигната на највисоко ниво во споменатите две провинции по нападите на исламистите на аеродромот во синајскиот град Ал Ариш.

– Веќе бевме во состојба на готовност во овој стратешки важен регион, рече воениот извор.

– Соопштението има цел само да ги увери нашите војници и граѓани дека војската е на Синај во состојба на готовност. Кога станува збор за Суец, тамусекогаш сме во состојба на готовност, истакна Ал Ариш.

Исламските екстремисти нападнаа четворица војници и полициски контролен пункт на северот на Синај – два воени пункта, полициска станица и аеродромот Ел Ариш, каде се сместени египетски воени авиони.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина