ВИДЕО: Пожар во ресторанот „Рагуза“ во центарот на Скопје додека имало свадба

Од:

Голем пожар вечерва избувна во ресторанот „Рагуза“ на катната гаража спроти дирекцијата на „Макпетрол“ во центарот на Скопје. Интервенираат неколку противпожарни возила кои се обидуваат да го изгаснат пожарот, а на лице место се собрани голем број граѓани.

На социјалните мрежи веќе се шират снимки и фотографии од големиот пожар во центарот на главниот град.

„Во 23,02 ч. добиено е дојава дека во Ресторан Рагуза лоцирана на покривот од катната гаража 26 – ти Јули на бул. Кирил и Методиј избувнал пожар. Во ресторанот имало свадба и поголем број на лица се евакуирани. Пожарот најверојатно е настанат од магацинот или неисправна вентилација. Засега повредени лица нема. Од страна на БППЗ пожарот се гаси. Сообраќајот е пренасочен“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје