Едно лице го загуби животот откако утрината на преминот на железничката пруга кај Ратае во него удрил воз што сообраќал на релација Скопје – Кичево, управуван од Р.Ц(54) од Скопје, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според првчните информации на Јосифовски, А.А.(59) од Џепчиште управувал со трактор и при судирот тој паднал под локомотивата при што задобил тешки телсни повреди и починал. Увид на местото на несреќата се уште вршат екипи на полицијата, судот и обвинителството.
За последните две недели ова е втора сообраќајка на железнички премин откако на 20 јуни воз удри во автомобил на прминот кај фабриката Тетекс но за среќа освен повредени немаше загинати во овој инцидент.