Најмалку десет луѓе се повредени вчера во воз во метро во Токио, кога засега неидентификуван маж ги нападнал патниците со нож, а потоа избегал.
Еден од патниците е тешко повреден, а напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор. Некои од повредените се прободени со нож, а некои се повредиле при обидот да избегаат од напаѓачот.
Осомничениот за нападот при бегството го оставил ножот во возот и мобилниот телефон, тврдат извори од истрагата, јавија јапонските медиуми.
Тој доброволно се предал, откривајќи му на вработениот во една продавница што направил, кој веднаш повикал полиција.
4 stabbed in knife attack on #Tokyo train, suspect detained after escape
More: https://t.co/FmMf1AGNkT pic.twitter.com/sPEZ1NYJLM
— RT (@RT_com) August 6, 2021
Напаѓачот, исто така, се обидел и да подметне пожар во вагонот, објави новинската агенција Кјодо.
Триесет и шест годишниот маж истурил сончогледово масло во возот и се обидел да го запали. Подоцна, при неговото апсење, кај него биле пронајдени шише со масло и запалка. За време на сослушувањето во полиција, човекот го објаснил својот план со желба да убие. Според напаѓачот, тој го избрал возот бидејќи во затворен простор би имало повеќе жртви.