Петто приведено лице за предизвикување пожар

Од:

Вчера во 19.05 часот, во врска со пожарот во гостиварското село Добридол, кој е локализиран, полициски службеници го лишиле од слобода 34 годишен жител од истото село.

Поради постоење основано сомение дека го предизвикал пожарот, тој е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против него.

Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожар во последниве три дена.

Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 04 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над селото Пожаране, Општина Врапчиште. Во меѓувреме полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава