Окружниот суд во Москва денеска го осуди Олег Навални, братот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, на една година затвор условно поради кршење на епидемиолошките мерки со повикување за улични протести.
Протестите и други масовни собири беа забранети во Русија за време на пандемијата на коронавирусот.
Уште неколку соработници на Навални се соочија со истите обвиненија во контроверзниот кривичен случај започнат од руските власти по масовните протести против апсењето на опозицискиот лидер, кои ја потресоа Русија во јануари.
Во вторникот, блиската соработничка на опозицискиот лидер, Љубов Собол беше осудена на една и пол година условно за истите обвиненија.
Навални, најгласниот критичар на рускиот претседател Владимир Путин, беше уапсен во јануари по враќањето од Германија, каде што помина пет месеци на лекување поради труење со нервен агенс, за што е обвинет Кремљ, но руските власти ги негираат таквите тврдења.