Денеска полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го привеле К.С. од ресенското село Лева Река, поради сомнежи дека го предизвикал пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола.
Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате беше лишен од слобода и Л.А. (32) од Р.Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране, а полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 03.08.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.