Главниот штаб за управување со кризи ја презема координацијата во борбата против пожарите

Од:

Од денеска Главниот штаб за управување со кризи ја презема целосната координација во борбата против пожарите.

Главниот штаб на седница попладнево донесе Акциски план за превенција и справување со пожарите.

Како што соопшти директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, планот е ист по обем како минатите години кога имаше силни пожари, но засилен.

-Планот се однесува на неколку цели: заштита на здравјето и животот на граѓаните, заштита на материјалните добра и животната средина, зајакнување на мерките за изолирање на опожарените подрачја, влучување на надлежните институции и обезбедување високо ниво на координација, како и координација и распределба на меѓународната помош, истакна Ангелов.

Тој напомена дека од утре секој ден во 10 часот ЦУК ќе информира за состојабата со пожарите, а по потреба ќе се свикуваат и прес-конференции за навремено и точно информирање.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

ВИДЕО: Изгореа напуштени куќи и плевни во Чаниште, четворица жители побарале медицинска помош

Катерина Ѓуровски

29 пожари во изминатото деноноќие, шест се активни

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари

Пожар на селото Вржале, за утре планирана воздушна интервенција

ВИДЕО: Шест активни пожари на отворено во земјава

Катерина Ѓуровски