Затвор за осуммина обвинети во протестите за поддршка на Талат Џафери

Од:

Затворски казни добија осуммина од обвинитетите за насилните протести што се случија во март годинава по изборот на Талат Џафери за министер за одбрана. Условни осуди добија шестмина од обвинетите, а тројца се ослободени од обвинението.

Со по осум месеци затвор се осудени петмина од обвинетите, една година затвор доби едно лице кое е во бегство, а за палење на автобусот на ЈСП е осудено едно лице на пет и едно на три месеци затвор.

Од обвинетите што добија условни казни, петмина се со условна казна од шест месеци затвор ако во рок од една година направат кривично дело, а еден  со условна казна затвор од десет месеци, ако во рок од две години стори кривично дело.

Сите обвинети од страна на судот се прогласени за виновни за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Насилните протести се одржаа во март годинава, еден ден по протестите на Македонците против изборот на Џафери за министер за одбрана. Тогаш беа запалени автобус на ЈСП, искршени автобуски постројки и приватни автомобили. Обвинети беа вкупно 17 лица.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа