Пријавено дека жена изгорела во пожар во Старо Нагоричане, мажот успеал да се спаси – куќата целосно опожарена

Од:

Полицијата добила пријава дека жена останала заглавена во куќа и изгорела во пожарот кој го зафати Старо Нагоричане, односно селото Челопек. Но оттаму, не можат да потврдат, ниту негираат ништо, се додека не добијат точни информации за тоа што се случило и не го пребараат теренот. На терен се екипи од МВР, заедно со противпожарни служби и го пребаруваат теренот. Неофицијално, станува збор за стара куќа во која останала заглавена жената, додека мажот успеал да се спаси. Од МВР најавуваат информации за подоцна, откако полицијата ќе го пребара теренот.

„Јас сум на местото кај пожарот. Има опожарена куќа, која е изгорена. Пожарот е ставен под контрола. Неофицијално, стари се луѓето кои живееле во куќата. Мажот излегол надвор да го премести тракторот и пожарот се раширил многу брзо. Жената имала ментални пречки и неофицијално останала внатре. Ова се е по кажување на мажот. Не можеме да потврдиме ништо. Не знаеме дали личноста дали е внатре или надвор, можела да излезе. Не знаеме дали е така како што кажува човекот. Екипите на МВР се тука го обезбедуваат местото, струјата е исклучена, во утринските часови веројатно ќе има и увид од полицијата да утврдат дали е тоа точно. Според кажувањата на мештаните, таа немала никакви документи за престој, ниту била венчана со човекот со кого живеела, ниту имала пријавен престој во државава, иако живееле заедно долги години. Тоа е од жителите информација. Дали е така или не е ќе утврдуваат службите. Многу ми е тешко и криво. Се надевам дека нема да излезе вака и ќе се биде добро“, рече Жаклина Јовановска за „А1он“.

Пожарот кој избил на локацијата зафатил ниска сува трева и брзо се рашилил. Никој не приметил дека нешто гори, дури ни соседите.

„Жителите биле внатре, кога ми се јавија, се јавив да прашам еден од мештаните, ми рекоа дека не гори ништо, дека спијат. Поради топланите сите се внатре не биле надвор да пријават. Кога дознавме, одма дојде пожарна, но пожарот брзо се рашири“, додава Јовановска.

Состојбата во општината и натаму е критична. Пожарот се шири поради силниот ветер. На терен гаснат повеќе служби, меѓу кои и пожарникарите. Во текот на денот, ангажирани беа и хеликоптери. Таму, асистираат и екипи од Општина Куманово кои се испратени од градоначалникот Максим Димитриевски.

Би можело да ве интересира

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра