Војската во Русија помага во гаснењето на пожарите

Од:

Руските служби за итни случаи ќе добијат засилување од вооружените сили за борба против шумските пожари.

Дополнителна опрема за гаснење пожар ќе биде доставена до погодената област на сибирската република Саха, позната како Јакутск, на исток од земјата, соопшти Министерството за одбрана.

Според официјалните податоци, 173 пожари се активни во областа и ситуацијата и натаму е многу тешка.

Повеќе од 2.500 припадници на итните служби се обидуваат да спречат ширење на пламенот во неколку села, каде што луѓето се жалат на густ чад.

Станува збор за огромна област каде што пожарите не се изгаснати, бидејќи тоа се оддалечени подрачја.

Би можело да ве интересира

Хитроу затворен поради прекин на струја, гори трафостаница

Наузеда: ЕУ има краток период за да се подготви за следната фаза на агресија

Гори големо стрниште во околината на Битола

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии