Српскиот аналитичар, писател, новинар и воено политички коментатор, Мирослав Лазански, ненадејно почина на 71 година.
Лазански починал во неговиот дом во Белград од срцев удар.
Веста ја потврди и српското МНР, бидејќи Лазански беше амбасадор на Србија во Руската Федерација, а на таа позиција беше именуван во 2019 година.
Како новинар, известувал од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, од ирачко-иранската војна, за време на војните во поранешна Југославија.
Пред да биде именуван за амбасадор, беше пратеник од листата на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Српска напредна странка.