Полуфинални пресметки на машкиот турнир на Вимблдон

Од:

На централниот терен на Вимблдон денеска ќе се одиграат двата полуфинални дуела.

Први на теренот во 14 часот ќе се појават Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро, а потоа е дуелот Енди Мареј – Јиржи Јанович.

Најдобриот светски играч Ѓоковиќ четврти пат по ред ќе игра во полуфиналето и ќе се обиде да ја освои титулата. Неговиот ривал Дел Потро со пласманот во полуфиналето го постигна најголемиот успех на Вимблдон.

Во меѓусебните дуели скорот е 8-3 за Ѓоковиќ, а една од трите победи Дел Потро има постигнато на Олимписките игри токму на терените на Вимблдон во мечот за бронзен медал.

Исто така Аргентинецот беше подобар од Србинот и на последниот меч одигран во Индијан Велс.

Во второто полуфинале домашниот миленик Енди Мареј ќе се обиде да се избори за второто финале во низа. Мареј петта година е учесник во полуфиналето и важи за апсолутен фаворит во мечот со полскиот тенисер Јиржи Јанович. Полјакот лани играше само до 3.коло, а сега е во ТОП 4.

Во меѓусебните дуели билансот е 1:1 со тоа што Јанович го доби мечот лани во Париз (Мастерс), а Мареј беше поуспешен во меч од Дејвис купот.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ