ВИДЕО: Уште две жртви во пожарите што беснеат во Турција, драматична евакуација на туристи во Бодрум

Од:

Бројот на загинати во пожарите на јужниот брег на Турција денеска се искачи на осум, додека пожарникарите петти ден се борат да го локализираат пожарот, кој и понатаму им се заканува на туристичките места.

Уште две лица денеска загинаа во пожарот во Манавгат, соопшти министерот за здравство Фахретин Коча, додавајќи дека уште десет се хоспитализирани во болницата во таа област.

Стотици турусти беа евакуирани во Бодрум откако огнот опасно им се приближи на хотелите и на куќите.

Стотина пожари избувнаа деновиве во Турција, најголемиот дел се локализирани соопштија властите.

Турската влада вети дека ќе ги обнови оштетените куќи и ќе обезбеди надомест за загубите во областите погодени од пожарите.Пакдемирли рече дека 13 авиони, 45 хеликоптери, беспилотни летала и 828 противпожарни возила биле ангажирани во гаснењето на пожарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Обид за атентат врз гувернерот на Пенсилванија

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите