Вучиќ: Србите, Албанците и Македонците не се помалку паметни од Французите, Германците, Италијанците

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ оцени дека Србија мора да биде отворена, подготвена за соработка и да ја прифати секоја шанса за економски раст, инфраструктурнo поврзување и размена на идеи, поради што проектот „Отворен Балкан“ претставува голема можност.

Во авторскиот текст за денешното издание на весникот Политика, Вучиќ наведе дека на Балканот долго време немало таков важен исчекор што би го повлекол регионот напред и дека ова е првпат некој да започне нешто добро за сите земји во регионот, поради што договорите во Скопје се историски.

Тој оцени дека во Србија се уште не е разбрано да работите се менуваат, дека политиката е жива материја, како и односите во регионот и дека омразата, најчесто кон Албанците, не носи ништо добро.

-Мораме да бидеме отворени, подготвени да соработуваме, да ја прифатиме секоја шанса за економски раст, инфраструктурно поврзување и размена на идеи. Затоа проектот „Отворен Балкан” е одлична можност, но и надеж, одговорност и обврска сами да креираме подобра и поинаква иднина без да чекаме да падне нешто од небо, некој да ни донесе подароци што ќе ги платиме повеќе од нивната вредност, изјави Вучиќ.

Тој потсети дека пред неполни две години, заедно со премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, во Нови Сад покренаа иницијатива за отстранување на бариери меѓу трите земји кои ги попречуваат таканаречените четири слободи врз кои се заснива заедничкиот пазар на ЕУ- слободно движење на стоки, услуги, луѓе и капитал. Според Вучиќ, пред неколку дена во Скопје, тој, Заев и Рама потпишале три документи, со кои се обврзале да работат на олеснување на увозот, извозот и движењето стоки помеѓу трите земји, што ќе им овозможи на нашите работници слободен пристап до пазарот на трудот во секоја од трите земји и да ги здружиме силите за да се заштитиме од природни катастрофи, каде и да се случат.

-Зошто ова го правиме? Затоа што не можеме, и нема причина да чекаме некој да го стори тоа за нас, оцени претседателот на Србија.

Тој додаде дека сите три земји сакаат да станат членки на ЕУ и да учествуваат како рамноправни играчи на огромниот заеднички европски пазар, на простор без граници за луѓе, стоки, капитал и услуги.

-Но, додека тоа не се случи, а помина долго време, кој не спречува добрите правила да ги пресадиме на Балканот? Ако секоја наша економија губи милиони поради чекањето на стоки на границите, ако илјадници наши работници можат да заработат повеќе од соседите, но се спречени од бариери на границите, зошто тоа би го решавал некој друг наместо нас, праша Вучиќ.

Тој повтори дека сака и другите на Балканот да се приклучат на иницијативата, порачувајќи дека немаат од што да се плашат, освен секојдневните загуби поради „тврдите“ граници.

Претседателот на Србија, исто така, изјави дека се наслушал „се и сешто“ против „Отворениот Балкан“.

-Дека ова е политика, а не економија, дека Југославија се обновува, при тоа не се сеќавам дека Албанија беше дел од Југославија, дека сето ова веќе го имаме преку ЦЕФТА, и кога веќе го имаме, зошто камионите ни стојат на границите со денови, а стоката во нив пропаѓа?, оцени Вучиќ.

Тој наведе дека „Отворен Балкан“ ќе успее, „затоа што никој освен Србија, Северна Македонија и Албанија нема да има толку многу воља да го спроведе“.

-И затоа договорите во Нови Сад и договорите во Скопје се историски, а историски ќе бидат и нивните резултати. Ние мора да ги постигнеме заедно, со голема работа и со голема поддршка од нашите граѓани. Само затоа што ова не засега никого однадвор, туку нас кои учествуваме во тоа, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека основачите на ЕУ знаеле дека можат да ја надминат тешката историја само ако почнат да се поврзуваат преку економијата и дека Србите, Албанците и Македонците не се ништо помалку попаметни и повредни од Французите, Германците, Италијанците и другите кои преку Заедницата за јаглен и челик тргнаа во изградба на ЕУ.

-Не мора да одиме толку далеку, ќе биде доволно да го направиме нашиот регион простор без бариери за трговија и слободно движење на луѓе. Ние не сме помалку креативни или упорни од Европејците кои одамна имаат свој заеднички пазар, наведе претседателот на Србија

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Продажбата на македонското вино надвор од границите на државата е зголемена

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Утре нови оставки од Владата, како и од други места

А1он

Вучиќ: Не го советував Весиќ да поднесе оставка, но покажа човечка одговорност

А1он

Вучиќ очекува извинување од Пицула како предуслов да дојде во Србија

Предраг Петровиќ