Двајца Македонци повредени во сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац

Од:

Двајца македонски државјани се повредени во сообраќајната несреќа што утрово нешто по 8 часот се случила на автопатот кај селото Велика Биљаница кај Лесковац потврдуваат од полицијата и од болницата во Лесковац.

Според информациите се работи за двајца Македонци од Струмица на возраст од 34 и од 39 години.

– Едниот има скршена патела на коленото, а другиот има видливи повреди на лицето. Во тек се снимањата и конечната дијагностика, но повредите не се опасни по живот, изјави заменик-директорот на болницата, Милан Петровиќ.

Според наводи на повредените, тие возеле комбе со странски регистарски ознаки во правец Белград – Скопје и не се сеќаваат како дошло до несреќата.

Сообраќајот на таа делница, кој за време на истрагата се одвиваше по лентата за претекнување, беше нормализиран непосредно пред 11 часот.

Двајцата патници од смачканото комбе биле извлечени од пожарникарите од Лесковац.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он