Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

Од:

Нема алтернатива за членство во Европската Унија, но ЕУ за жал ја држи Република Северна Македонија речиси 17 години како земја кандидат, без притоа да го овозможи заслужениот следен чекор за нашиот пат кон интеграциите. Во такви околности, тоа го признаваат и 26 земји членки, што јавно и гласно зборуваат за заслуженоста на нашата земја да ја добие првата меѓувладина конференција, истакна премиерот Зоран Заев во одговор на пратенички прашања во Собранието.

Заев посочи дека во официјалниот извештај од ЕУ, сто проценти се потврдени процесите што биле обврска на Северна Македонија за добивање датум за почеток на преговорите.

– Одлуката е донесена, но првата меѓувладина конференција не е закажана, затоа што само една членка на ЕУ не дава согласност за започнување на преговорите, додава тој.

Премиерот истакна дека државата никогаш повеќе не била афирмирана на патот кон ЕУ, колку што е во последните години.

– Нашата земја е пример за соживот и контрааргумент на сите негативни тези за етнички територии и граници и на Балканот, а и пошироко на европскиот континет. Нашата змеја е пример дека низ дијалог и дипломатија можат да се решаваат најтешките прашања што можеле да бидат решени многу поодамна ако навистина сите сме се залагале за членство во ЕУ и НАТО. Оваа Влада што јас ја предводам тоа признание го има од целиот демократски свет и тоа мора и треба да го признаете бидејќи е видливо, истакна Заев.

Во однос на тоа дали „Отворен Балкан“ е алтернатива за ЕУ, Заев истакна дека алтернатива за членство кон ЕУ нема и не треба да има.

– Додека чекаме ЕУ да се одлучи, нема дилема дека работиме и градиме пријателство, да ги отвораме сите административни пречки и бариери, се со конечна цел да донесеме поголема благосостојба на нашиот народ, на нашата економија, трговија, извоз бидејќи тоа носи поголем бруто домашен продукт, економски стандардни, работни места и слично, објасни премиерот.

Тој додаде дека со иницијативата за „Отворен Балкан“ во случај на природни катастрофи на располагање ќе има три пати повеќе капацитети за реакција кога треба да им се помогне на граѓаните, односно сега на располагање ги имаме српските и албанските сили.

– Потпишавме договор за признавање на работни дозволи за да можеме слободно да работиме каде што ќе одлучиме, потпишавме договори за целосно ослободување на протокот на стоки и патници на нашите гранични премини, вели Заев.

За крај тој порача дека пред четири години Северна Македонија била во кавга со Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Србија, што донесе разочараност, а сега како што посочи премиерот постои соработка во регионот, а лидерите седат заедно и зборуваат во ист дух за придобивките на народот.

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска