Заев: Парламентот да ја поддржи реформата на администрацијата

Од:

Бројката на администрацијата се намалува и тоа го потврдуваат сите официјални бројки. Но, државата мора да продолжи со нејзина рационализација и допрофесионализација, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на пратеничко прашање.

Според Заев, денес може да се каже и дека е направен сериозен исчекор кон департизација на администрацијата. Но, како што порача, реформите за ефикасна, ефектна и професионална јавна админситрација мора да ги поддржи и Собранието.

Вработувањата во последниов период, информира, се заради пополнување на испразнетите места – пензионирања и заминувања на некои граѓани во приватниот сектор. Овие позиции, објасни Заев, поради короната не можеа да се пополнат зашто финансиите од Буџетот беа насочени пред се кон поддршка на економијата и здрваството.

– Реформите во јавната админситрација треба да бидат поддржани од Парламентот, посебно законите кои во септември ќе бидат на дневен ред. Тие се изработени од експерти, зборуваат и со опозицијата и ќе ги почнат сите разговори паралелно со владејачките партии со цел реформата да ја поминеме заедно. Верувам дека можеме да успееме во тоа. Транспарентноста е најголем сојузник во департизацијата на администрацијата и нејзината професионализација, а со новите законски решенија верувам дека ќе го унапредиме процесот кој сите тежнееме, истакна Заев, одговорајќи на прашањето на пратеникот Кирил Пецаков.

Заев посочи дека од 165.000 во 2017 година, администрацијата денес е сведена на 132.000.

– Администрацијата за мене е и Заев и министрите и замениците министри, сите, и јас и останатите. Бројката продолжува да се намалува и тоа го потврдуваат официјалните бројки. Најмногу е застапена во јавните претпријатија на локално и државно ниво. Но, државата треба да продолжи со нејзина рационализација. Последната 1,5 година поради Ковид-мерките парите беа насочени за економијата и болните од корона. Точно година и пол немаше соодветно пополнување на испразнетите места за кои администрацијата имаше потреба, едни одат во пензија, други заминуваат во приватниот сектор, рече премиерот.

Негова оценка е дека веќе граѓаните, поради повисоките плати, се почесто се одлучуваат за приватниот сектор и тоа, нагласи, е добро. Конкурсите, пак во јавната администрација се со засотрени критериуми, што повторно е во насока на што поголема професионалност и ефикасност.

Пратеникот Пецаков рече дека не е задоволен од одговорот и изнесе бројки за актуелни, според него, партиски вработувања.

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска