Девет министри од Партијата на слободата и правдата (политичко крило на движењето Муслиманско братство) поднесоа оставки, јави египетскиот портал „Ал Ахрам“.
Претходно, египетските медиуми објавија дека Владата на премиерот Хишам Кандил ќе продолжи со работа се до формирање на привремена влада од технократи.
Адли Мансур, кој е именуван за привремен претседател на Египет, до одржување на избори, наскоро ќе објави уставна декларација, врз кој ќе се раководи со земјата, се до изгласување на нов устав.