Египетските исламисти повикуваат на протести

Од:

Исламистичката коалиција во Египет, предводена од Муслиманско братство денеска ги повика граѓаните утре да демонстрираат ширум земјата поради воениот удар, со кој е соборен од власт претседателот Мохамед Морси.

Протестите под мото „Петок на отфрлањето“ треба да се одржат по петочната молитва. Националната коалиција за поддршка на законот „го повикува египетскиот народ да излезе на улиците и мирно да се мобилизира“ и „да каже Не! на затворањето од страна на војската, Не! на воениот удар“.

Повикот за протести беше испратен од џамија во предградие на Каиро, каде приврзаниците на Морси од минатата недела организираат мирни демонстрации. Војската вчера ја опколи џамијата со оклопни возила, но се уште не ги има растерано демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина