Лисицки противничка на Бартоли во финалето на „Вимблдон“

Од:

Германската тенисерка Сабине Лисицки е втората финалистка на неофицијалното светско првенство, откако попладнево ја победи Агнешка Радванска од Полска со 6:4; 2:6 и 9:7.

Двете полуфиналистки одиграа исцрпувачки меч со времетраење од два часа и 15 минути.

По водството од 1:0 во сетови, од средината на вториот до почетокот на третиот сет Лисицки имаше резултатска и играчка криза. Радванска освои шест гема во низа и поведе со 3:0 во решавачкиот трет сет со предност од брејк, но Германката се врати во натпреварот слично како и на мечот со Серена Вилијамс.

bartoli-marion

Големото финале на женскиот дел од Грен Слемот „Вимблдон“ е закажано за в сабота од 15 часот.

За една од двете финалистки ова ќе биде историски прв трофеј од големите турнири. Досега ниту Бартоли ниту, пак, Лисицки немаат победено на еден Грен Слем.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ