ВИДЕО: Газдарица нападна туристи во Хрватска, ѝ ги тргнале лежалките од јавна плажа

Од:

Хрватската полиција отвори истрага против жена која стопанисува со плажа на хрватскиот остров Брач, откако беше објавена снимка на која се гледа како таа се однесува агресивно кон неколкумина туристи, затоа што ги тргнале лежалките кои таа ги поставила на плажата.

„Газдарицата“, која повеќе не е концесионер на плажата со која легално стопанисувала со години, продолжила да поставува лежалки и да наплаќа, иако на тоа повеќе нема право, велат надлежните. На снимката, која ја објави Мирослав Рајх, турист од Загреб, се гледа како гневната жена им се нафрла на луѓето присутни на плажата со погрдни зборови, а потоа и шутира кутија со пица кон неколкуте девојки кои лежат на плажата.

„Некој овде вложил големи пари, а сега сите тука се собирате како цигани. Таму е градската плажа“, им се обрати повозрасната жена на присутните туристи, покажувајќи со раката.

Станува збор за плажата под дворецот Каштил Јела во местото Милна, едно од најпознатите знаменитости на островот Брач. Жената, која се претставува како „сопственичка на плажата“, вели дека вложила силни пари во нејзиното уредување, но признава и дека повеќе не плаќа концесија, затоа што „оваа држава ја донела на просјачки стап“.

Причината за нејзината агресивност била тоа што туристот ги тргнал неколкуте лежалки кои таа ги поставила и за чие користење наплатувала, вели Рајх.

Според хрватските медиуми, дрската жена е Луција Влаховиќ, позната на Брач како „Грофицата на Смоје“, затоа што во нејзиниот дворец често доаѓал познатиот сплитски писател Миљенко Смоје.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ