Мохамед Морси повика на одбрана на неговиот легитимитет како претседател

Од:

Смениот египетски претседател Мохамед Морси во соопштението до своите следбеници и до светската јавност, вели дека во Египет е извршен воен удар, а не смена на власта.

Тој ги повика своите приврзаници од Муслиманското братство и оние кои гласале за него и ја поддржуваат неговата политика да го бранат неговиот легитимитет како избран претседател.

Морси инсистира дека само тој може да биде претседател на државата и ги повика земјите во светот да не ја прифаќаат и поддржуваат новата власт, што ја постави армијата по вчерашниот удар.

Британските медиуми кои ја пренесуваат изјавата на Морси не откриваат како таа е испратена, кога Муслиманското братство тврди дека не знае каде се чува соборениот претседател и каква е судбината на неговото потесно семејство.

Претставник на египетската армија потврди дека Морси е задржан во објект на војската, но не даде други детали.

Активисти на Братсвото за западните медиуми изјавија дека започнала пресметка на војската со нивните функционери и активисти. Војската веќе ја забрани работата на три каирски телевизиски станици кои се блиски до исламистичкото движење и издаде налог за апсење на преку 300 влијателни функционери и активисти на Муслиманско братство.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина