ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев во овие 4 години не задолжувала 1,7 милион евра дневно и планира уште повеќе да задолжува

Од:

„Долгот во време на власт на Заев за 4 години е зголемен за 2,4 милијарди евра. Ова значи дека дневно под власт на Заев Mакедонија се задолжувала за 1,7 милиони евра. Заев ги задолжува граѓаните за неверојатни 1,7 милиони евра дневно“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако се земе предвид дека досега долгот достигна историски највисоки 7,2 милијарди евра, а прогнозите се дека тој ќе порасне до 8,5 милијарди евра во 2022 година, тогаш тоа значи дека само за година дена од сега власта планира да го искачи долгот за над една милијарда евра.

Ова покажува дека економијата во Македонија е во катастрофална состојба, ништо не функционира, нема странски инвестиции, туку социјалниот мир се купува скапо со нови задолжувања.

Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години во кои народот се осиромашува, а власта се богати и краде. Да го спречиме осиромашувањето на народот и Македонија, оваа власт на Заев мора да биде поразена. Концептот „Македонија за сите луѓе“ ќе го порази концептот на Заев базиран на корупција, криминал и уништување на македонската економија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски