Се зголемува минусот на САД во надворешната трговија, дефицитот достигна 91 милијарда долари

Од:

Вредноста на американскиот извоз порасна за 0,3 проценти во јуни на 145,6 милијарди долари, додека увозот значително се зголеми, за 4,7 проценти, на 236,7 милијарди долари.

Трговскиот дефицит на САД се прошири во јуни, бидејќи увозот продолжи да расте како резултат на забрзувањето на економската активност во земјата, што укажува на тоа дека трговијата веројатно ќе ја забави стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за вториот квартал.

Во САД трговскиот дефицит се зголеми за 3,5 проценти минатиот месец на 91,2 милијарди долари, соопшти Министерството за трговија.

Американскиот извоз на стоки се зголеми за 0,3 проценти во јуни на 145,6 милијарди долари, додека увозот значително се зголеми, за 4,7 проценти, на 236,7 милијарди долари.

Податоците за надворешната трговија беа објавени пред извештајот за економското производство на САД во вториот квартал.

Економистите проценуваат дека растот на БДП на САД во вториот квартал ќе изнесува 8,5 проценти на годишно ниво, што е значително забрзување во споредба со стапката од 6,4 проценти во првите три месеци од 2021 година.

Предвидената стапка на раст за вториот квартал би била највисока од 1983 година и може да значи дека е постигнат максимумот во тековниот циклус.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија