Вечерва општина Центар ги отвора вратите за вљубениците во пишаниот збор. Првата читална која ја отвора општина Центар го носи името на познатиот македонски деец Славко Јаневски.
Името е одбрано, бидејќи Славко Јаневски е авторот на првиот роман на македонски јазик, но и поради целото негово творештво.
Томе Серафимовски изработува и на читалната ќе и подари скулптура со ликот на Јаневски.
Читалната има 4.000 книги, донации од „Култура“, Трифун Костовски, Раде Сиљан и „Матица на иселеници“.
Општина Центар ќе отвори 8 читални и сите ќе ги носат имињата на познати македонски писатели.
Отварањето на читалната ќе започне во 19:30 часот.
Читалната се наоѓа на ул. Димитрије Чуповски бр. 23, во близина на скопската гимназија Јосип Броз Тито.