Во услови на пандемија имаме најголем Буџет, а ниту едно евро нема за капитална инвестиција. Во наредните шест месеци граѓаните нема да добијат ниту еден километар автопат, ниту ќе се гради болница, училишта, спортски сали и слично, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на собраниската дената за ребаланс на Буџетот за годинава.
Стојаноски посочи дека се вкалкулирани поскапување на електричната енергија 12,5 проценти со нивелација на ДДВ и граѓаните ќе почуствуваат недомаќинско работење.
„Граѓаните ќе плаќаат поскапо гориво, ќе се воведат нови даноци, ќе има покачување на посточките како ДДВ и на други даноци“, рече Стојаноски.
Оттука, додаде тој, ќе има само осиромашување на граѓаните и намалување на животниот стандрад.
„На граѓаните ќе им останат само поскапувањата, сиромаштијата, а власта ќе прави мегаломански буџети за предизборен поткуп и за овие од елитата од власта да продолжат со кредење додека цел свет кажува дека Македонија напредува само во корупција“, заклучи Стојаноски.